САД воведоа дополнителни царини на европски стоки – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/19 9:00 AM

САД воведоа дополнителни царини на европски стоки

САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди долари на низа производи, а тоа е нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе бидат воведени возвратни мерки.

Царините стапија на сила една минута по полноќ и се однесуваат, покрај другото, и на авионите „ербас“, француските вина, шкотското виски…

Американската влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација да воведе царини како одговор на субвенциите што ЕУ му ги дава на „Ербас“.