Денеска во Брисел, конечно, е постигнат договор за Брегзит, јавува агенцијата „Ројтерс“. Тоа го потврдил и британскиот премиер Борис Џонсон на „Твитер“.
„Добивме нов договор што ја враќа контролата – сега парламентот в сабота би требало да го изгласа договорот за Брегзит и да преједеме на решавање на други проблеми“, напишал Џонсон.
Се огласи и претседателот на Европската комисија, Јункер:
„Таму каде што постои волја, постои и договор – го имаме. Тоа е правична и урамнотежена спогодба и за ЕУ и за Велика Британија“.