Јозо Главиќ, капетан на брод од Дубровник, кој го одушеви светот кога неодамна голем крузер долг 195 и широк 22,5 метри провлече низ тесниот Коринтски канал, останува скромен до крај. Крузерот „Браемер“, во сопственост на компанијаа „Фред“, стана дел од историјата бидејќи е најголемиот брод што поминал низ Коринт. Освен светот, одушевени беа и сите 929 патници на бродот.
„Не ја сакам сета оваа медиумска прашина што се крена. Ме повикуваат медиуми од сите страни. Бараат изјави, а не сметам дека сум направил нешто посебно. Тоа е моја работа. Секакко, мило ми е поради фирмата што доби добар публицитет. Јас сум само обичниот Јозо, а не некој таму не знам каков капетан кој влегува во историјата“, истанува скромниот капетан за „Дубровнички дневник“.