Следува прес конференција по средбата Меркел – Макрон – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/19 5:08 PM

Следува прес конференција по средбата Меркел – Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел ја покажаа цврстината на француско-германскиот однос на состанокот во Тулуз во јужна Франција, еден ден пред клучниот самит на ЕУ, што може да одобри договор за развод со Велика Британија.

Тие средбата ја започнаа со посета на седиштето производителот на авиони „Ербас“, што се смета како симбол на европската индустриска соработка, во близина на градот Тулуз. Компанијата, која го одбележува 50-годишното работење оваа година, има капацитети за производство дома и во странство, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и Велика Британија.

Макрон и Меркел ручаа во тренингот на воздушниот персонал А350 – каде беше поставена долга маса со средношколци и чираци, кои се подготвуваа за кариера во авионската индустрија.Тие потоа заминаа на билатерални разговори во Тулуз, пред заедничката средба на француско-германскиот кабинет.Потоа се очекува заедничка прес конференција.

На агендата на Макрон и Меркел  е „Брексит“,пред  утрешниот самит во Брисел – последниот што беше планиран пред закажаното заминување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври.

Друга тема на дебата помеѓу Берлин и Париз е францускиот отпор кон почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија. Владата во Париз смета дека претходниот напредок во реформите во двете држави е несоодветен и исто така повикува на фундаментална реформа на процесот на пристапување како предуслов за одобрување. Германија и огромното мнозинство на земји-членки на ЕУ, сметаат поинаку.

На ниво на ЕУ, социо-либералниот Макрон во моментот има големи проблеми, бидејќи Европскиот парламент го отфрли предложениот комесар на ЕУ, Силви Гулард. Макрон тогаш ја обвини идната шефица на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен за неуспехот на неговиот кандидат – и предупреди за „политичка криза“. Се очекува Лејен да присуствува на вечера на здружение на деловни претставници вечерта составена од 50 најголеми мултинационални компании по завршувањето на Советот на министри во Тулуз, како и на Меркел и Макрон.

Француската и германската делегација, вклучително и клучните министри од двете влади, исто така планираа разговори за тензиите на глобалната трговија, борбата против климатските промени, европските проекти за одбрана и како да ги бранат правилата на ЕУ за авторски права, соопшти канцеларијата на Макрон.