Аврамополус: ЕУ да не дозволи ре-балканизација на Балканот – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/19 1:30 PM

Аврамополус: ЕУ да не дозволи ре-балканизација на Балканот

Еврокомесарот Димитрис Аврамополус стравува дека оставањето на Македонија и Албанија надвор од Европа може да ги врати назад процесите во Балканот, односно, како што рече, да се случи „ре-балканизација“.

Аврамополус беше прашан да ја коментира одлуката на Министерскиот совет да не определи датум за преговори за двете држави.

-Сега се’ е на Советот да ја донесе конечната одлука.Позицијата на Европската Комисија е многу, многу јасна – двете држави заслужуваат да ги започнат преговорите. Ова е позицијата на Комисијата. Но штом ме прашувате, вие многу добро го знате регионот, би сакал политички да искоментирам. Да бидеме многу внимателни со Балканот. Да не дозволиме Балканот да се ре-балканизира во смисла на сите настани што се имат случено таму, одговори Аврамополус.