Судијата на Жупанискиот суд во Задар, Иван Марковиќ, побара заштита од полицијата поради закани што ги примал бидејќи пет момчиња осомничени за повеќекратно групно силување тинејџерка (16) пушти да се бранат од слобода, случај што ја разбранува Хрватска.
Во исто време, судијата Марковиќ заминал и на боледување, па поради тоа било одложено и судењето на Јосип Рудак, кој годинава си ги фрли своите четири деца од балкон на островот Паг, бидејќи тој претседава со судскиот совет.
На прашањето од новинарите дали полициска заштита не и’ треба и на силуваната тинејџерка, зашто осомничените за силување се на слобода, од полицијата рекле дека полицијата ги преземала потребните мерки, а врз основа на процени се донесувале одлуки од оправданоста од примена на таква мерка.