Холандија: Пет браќа и нивниот татко живееле во изолација чекајќи го крајот на светот (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/19 11:04 AM

Холандија: Пет браќа и нивниот татко живееле во изолација чекајќи го крајот на светот (ВИДЕО)

Холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во излоација, чекајќи го крајот на светот, пренесува Танјуг.

Полицијата го испитува човекот кој ја изајмил семејсната куќа каде ова шестчлено семејство, во состав од петмина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко кои живееле во една од собите.

Во подрумот на една куќа во Руинерволд, во Холандија, е пронајдено семејство кое таму живееле девет години чекајќи „крај на светот“.

Откриено е дека таму живеел 58 годишен маж со шест деца на возраст од 16 до 25 години.
9 години минале во подрумот на куќата на фарма окружена со дрвја, а целата приказна е разоткриена кога најстариот син се појавил во локалниот паб и нарачал пиво. На локалните граѓани  им рекол дека му е потребна помош па била повикана полиција.

Тој делувал многу збунет и рекол дека живее во изолација со семејството до крајот на светот.

“Тој испи пет пива, а потоа ме увери во тоа дека избегал и дека му е потребна помош. Тој имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека“, објаснил сопственикот на пабот, Крис Вестербик.

Нивниот татко го прекинал целиот контакт со надворешниот свет. Тие преживувале со помош на зеленчук што тие самите го одгледувале. Децата немале информации за надворешниот свет или за кое било друго лице покрај нив.

При претресот на домот, скалилата што водат кон подрумот биле откриени во плакарот на дневната соба.

Инаку, во Руинерволд живееле околу 3.000 луѓе, а куќата на ова семејство се наоѓа на периферијата на местото, така што тие беа прилично изолирани.

Сè уште не е познато што се случило со мајката, а таткото на децата, според некои извештаи, доживеал мозочен удар и веќе извесно време е врзан за креветот.

Истрагата треба да ги утврди сите околности на овој необичен случај.