Советникот за евроинтеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, изрази доза на оптимизам, коментирајќи ја одлуката на Советот на министри да ја предаде одлуката за почеток на преговори на Македонија и Албанија на Европскиот совет. Маричиќ во телевизиско гостување изјави дека сингал за отимизам е потегот на претседателот на Советот, Донал Туск.
-Она што е суштински важно е констатацијата дека претседателот на Европскиот совет Донал Туск, прифаќа лично, како човек што го раководи состанокот на Европскиот совет, да го стави како точка на дневен ред на расправање на лидерите, каде треба да се заземат суштински ставови. Тоа е ново, бидејќи вообичаено, ако има договор, претходно не се става само како точка, туку само се поддржува. Или постоеше и можнос да се пролонгира за наредниот состанок, а тоа е во ноември, рече Маричиќ.