(видео)Франција останува со тврд став – нема датум од министерскиот совет – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 5:14 PM

(видео)Франција останува со тврд став – нема датум од министерскиот совет

Без договор заврши министерскиот совет на земјите членки на ЕУ во Луксмебург. На прес конференцијата пред малку, беше објавено дека министрите на земјите членки не успеале да се договорат за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија. Одлуката е оставена на шефовите на држави и влади на ЕУ, што е закажан за утре и задутре во Брисел.Наспроти определбата на 25 земји да се даде датум на преговори, една земја беше изричито против, а неколку други имаат скептицизам на давањето датум за Македонија.

-За жал,  не сме во состојба да донесеме едногласна одлука и ова е нешто за што жалиме, рече финската министерка Тити Тупураинен.
Еврокомесарот Јоханес Хан им се извини на граѓаните на две држави. Хан рече дека дополнително пролонгирање ќе наштети на кредибилитет на Унијата и не е момент со кој треба да се гордее.
Хан останува оптимист дека до петок ќе се најде решение и ќе се одговори на очекувањата на граѓаните на двете земји.

Запрашана за евентуалното „раздвојување“ на двете држави со цел да се продолжи напред со пристапните преговори со Северна Македонија, финската министерка истакна дека првичниот предлог на Претседателството е да се даде зелено светло за обете држави, но кога стана јасно дека може да се дискутира за други решенија, вклучително и „раздвојување“. Сепак, рече таа, ова не е нешто што може да се постигне едногласно.
Повеќе од видеото: