Осквернавени споменици на Колумбо во САД: „Да престанеме да го славиме геноцидот“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 12:39 PM

Осквернавени споменици на Колумбо во САД: „Да престанеме да го славиме геноцидот“

Во Провиденс, Чула Виста, Сан Франциско и во други градови во САД споменици на Кристофер Колумбо се обоени со црвена боја и ишарани со пораки против морепловецот „што ја откри Америка“, на денот на националниот празник Колумбов ден, пренесува АП.

„Да престанеме да го славиме геноцидот“,„Да ги уништиме сите споменици на геноцидот“, се дел од содржините на испишаните пораки.

Автохтоните жители на Америка, Индијанците, бараат наместо Колумбов ден да се слави Ден на Индијанците.