Контраофанзива на Курдите во Сирија – го повратија Рас ал-Аин, а го нападнаа Тел Халаф – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 11:48 AM

Контраофанзива на Курдите во Сирија – го повратија Рас ал-Аин, а го нападнаа Тел Халаф

Курдските „Единици за заштита на народот“ ја презеле контролата во Рас ал-Аин по контраофанзивата откако турските трупи го зазедоа тој пограничен град.

Како што пренесува ТАС, повикувајќи се на локални медиуми, Курди и вооружени единици на сириската опозиција кои ја поддржуваат Турција во нејзината воена операција водат интензивни борби на периферијата на градовите. Единиците на Курдите во моментот го напаѓале соседниот град Тел Халаф кој е под контрола на таканаречената Солободна сириска војска.

Единиците на сириската армија, пак, дошле до патот во близина на градот Тел Тамер (30 километри од границата) и, во договор со Курдите, се разместиле на северот на провинцијата Ал Хасака.