Жители во Купрес живеат во страв од мечки и волци, им шетале низ дворовите – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 9:54 AM

Жители во Купрес живеат во страв од мечки и волци, им шетале низ дворовите

По мечките што ги уништуваа пчелниците во близина на домовите на луѓе во општината Купрес, жителите на некои села во таа општина предупредуваат дека волци по улиците и покрај куќите имаат се’ почесто, пишуваат босански медиуми.

Членови на семејството Цвијановиќ наведуваат дека само во населбата Олово пред три месеци мечка на двапати им била покрај куќите, а во последната седмица волк кружел околу семејните куќи неколку пати и тоа среде бел ден. Завчера пак шетал по улица, но бил удрен од автомобил. Завршил без повреди и избегал над улицата.

Жителите бараат надлежните да преземат мерки и проблемот некако да се реши, најмногу поради опасноста за луѓето и особено за децата кои пеш одат на училиште често и на подолги релации.

Интересна случка, поточно вистинска мала драма, се случила вчера во шума во близина на Кнажево, кога интервентен тим одвај спасил мечка која била фатена во стапица на криволовци. Тешко повредената мечка во стапицата ја видела жена, која повикала Итна помош.