Напуштен и заборавен град во срцето на Европа – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 7:47 AM

Напуштен и заборавен град во срцето на Европа

Под името Заборавен Град, на истокот на Германија, на само еден час возење од Берлин, се наоѓа некогашниот советски воен комплекс, пишува СНН. Напуштен е веќе 25 години, а во него некогаш се наоѓаа 40.000 војници на СССР од речиси половина милион колку што беа стациониране во некогашната Германска Демократска Република за време на Студената војна. Овој воен комплекс бил нивната централа.

Сместен во шума, комплексот бил вистински град со училишта, ресторани, маркети, во кои, главно, се продавале советски производи. Војниците во него поминувале по две-три години, без право на посети. Високите офицери, пак, останувале и по 12 години, но биле со нивните семејства и сместени во полуксузни делови на воената база, во која имало и базен, театар…

Откако Советите во 1990 го напуштаат, комплекот обраснува во трева, а единствено во него повремено доаѓаат тинејџери за да консумираат алкохол, да цртаат графити…

Всушност, овој воен комплекс постоел уште од почетокот на 20. век. Бил користен и во Првата светска војна, а и во Втората, тогаш од нацистите.