Времето денес и до сабота: Температури и до 31 степен – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 6:31 AM

Времето денес и до сабота: Температури и до 31 степен

Исклучително топло за овој период од годината ќе биде времето денеска и до сабота според прогнозите на УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 31 степен, во Скопје и во Штип до 29, во Битола до 27, во Охрид до 24…

Слично време се очекува и во следните денови. Утре максималната температура пак ќе биде до 31 степен, в четврток до 30, в петок до 29, а в сабота до 28 степени. Минималните утрнски температури треба да бидат во границите од четири до 12 степени.