Документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол „Bloomberg“, откриваат дека Франција инсистира да не се даде датум за преговори на Македонија и Албанија.
Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.
Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург.
Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.
Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.
трибуна.мк