Дирекцијата за заштита и спасување од Битола информира дека вчера на Пелистер се повредил планинар. Поради сериозноста на повреди била побарана помош и од полиција.
Повредениот планинар со хеликоптер од МВР е пренесен на скопските клиники во 16 часот.
Инаку според информациите од МВР, дваесет и шест годишниот К.М. од Битола е планинарот кој е повpeдeн вчера додека се искачувал на Пелистер.
К.М. се искачувал по патека кон врвот ,,Илинден“ заедно со П.А.(23), М.И.(31) од Битола, Т.Х.(23) од с.Новаци, Л.К.(37) од Кавадарци и М.Р.(28) од Неготино.
При иcкачувањето, К.М. се лизнaл и пaднaл од карпа. Тој со хеликоптер на МВР бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лekарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.