Унгарската опозиција победи во 14 од 23 окрузи – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/19 8:24 AM

Унгарската опозиција победи во 14 од 23 окрузи

Првиот, третиот, четвртиот и петтиот по големина градови во земјата (Будимпешта, Сегед, Мисколц, Печ) се под контрола на опозицијата. Вториот по големина – Дебрецен  остана во рацете на вледејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.

По пет години опозицијата имаше многу подобар резултат во споредба со изборите во  2014 година. Опозицијата, исто така, доби мнозинство во Генералниот совет во Будимпешта.

Резултатите покажуваат дека кога опозицијата работи заедно, владејачката партија Фидес може да биде поразена во големите градови. За прв пат, во огромното мнозинство градови, опозициските партии имаа заеднички кандидати, или барем немаат спротивставени кандидати.

Така, за прв пат, резултатите од изборите покажуваат дека приближно ист број луѓе гласале против Фидес, исто како што гласале и за.  Сега, се чини, дека гласачите на Фидес се во малцинство во сите поголеми градови.

Од 2012 година, се водеше силна дебата на опозициската страна за потребата и значењето на толку широка коалиција. Поддржувачите на идејата рекоа дека нема друг начин да се прекине моќта на Фидес и дека опозициските партии ќе можат да се натпреваруваат едни со други откако ќе го поразат Фидес. Но, противниците на коалицијата тврдат дека идеолошките разлики меѓу партиите го прават ваквиот сојуз неодржлив. Се’ до резултатите од изборите, кои покаќаа дека беа во прави гласовите, кои тврдеа дека само здружена опозиција може да го тргне Фидес од власт.