Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа од Дебар порача функционерите постојано да бидат на чело на задачата, на чело на реализирање на проектите и во блиска соработка со сите раководители на институциите, без разлика на локално или централно ниво.
-Од комуникацијата и соработката не губи никој, сите добиваат, од меѓусебната транспарентност, мудроста и почита добива големото семејство наречено Демократска унија за интеграција. Пред нас имаме тешки задачи, иако до денес беше многу тешко, но толку тешко ќе биде и во иднина. Не е лесна работа да се има држава во која владее законот, не е лесна работа да се бориме и да имаме ветинг, не е лесна работа да се има успешна транспарентност. Толку повеќе стандарди имплементираме и спроведуваме толку ќе бидеме поблиску до Европа, рече Ахмети.