Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби од Полска со 2-0. Пржемислав Франковски и Аркадиуш Милик беа кобни за македонската фудбалска репрезентација во Варшава во квалификациите за Европското првенство во 2020. Во игра влегоа во последната четвртина од натпреварот и со нивните голови во 74. минута и во 80. минута ` донесоа победа на Полска со 2:0 што значи и заверка на пласманот на завршниот турнир во наредното лето.
-Немам никакви забелешки кон моите фудбалери, особено за борбеноста и ангажираноста во текот на целиот натпревар. Против една Полска издржавме 75 минути и навистина ми е многу жал што по една наша грешка противникот го отвори резултатот. Знаеме против каква селекција игравме и токму нивното искуство од вакви мечеви го реши вечерашниот победник. Исто така морам да напоменам дека доколку ги имав сите фудбалери на располагање ќе беше многу поразлично на терен“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
До крајот на квалификациите ни преостануваат уште два натпревари, против Австрија на гости и Израел. За учество на Европското првенство, репрезентацијата треба да ги добие и двата натпревари.