Во главниот град на Унгарија, Будимешта, како и во 10 од 23 поголеми градови водат кандидатите за градоначалник од опозицијата. Со тоа, се најавува пораз за партијата на премиерот Виктор Орбан, „Фидес“ Кандидатот поддржан од повеќе опозициски партии е избран за градоначалник на Будимпешта, совладувајќи го актуелниот градоначалник поддржан од партијата „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан.
Со 74% од гласовите преброени во Будимпешта, Гергели Караксони води предв Иштван Тарлос со 50,1% на 44,8%, а локалните медиуми објавија дека Тарлос се јавил да му честита на својот ривал.
Опозиционите партии, исто така, беше предвидено да победат градоначалнички трки во околу 10 од 23 најголеми градови во земјата на локалните избори на национално ниво. Во 2014 година, тие освоија само три.
Со скоро 50%, гласањето во неделата имаше најголема излезност на гласачите на локалните избори од враќањето на Унгарија во демократијата во 1990 година.
И покрај разочарувачките резултати, аналитичарите велат дека очекуваат Орбан, кој ја доведе својата партија до убедливи победи на сите поголеми избори од 2010 година, да продолжи со неговиот борбен стил кој вклучува силна антимигранска политика, зголемување на доминацијата на медиумите и изградена централизирана моќна структура околу канцеларијата на премиерот.