Без никаква најава Тамара Тодевска со шоу програма на финалната вечер на Макфест – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/19 9:37 PM

Без никаква најава Тамара Тодевска со шоу програма на финалната вечер на Макфест

Никој не може и не смее да ги оспорува вокалните квалитети на Тамара Тодевска – едноставно НЕ СМЕЕ – бидејќи нема што да се замери или забележи, но тоа не и дава за право, со своите постапки, да ја губи подршката од љубителите на музика во татковината, пишува екран.мк.

Тивко, онака тајно, без никакви најави „Макфест“ ја „провлече Тамара“ со шоу програма – никаде немаше најава, ниту на веб страната на Макфест ниту на нивната страна на Фејсбук – срамно!
Дали „Макфест“ се срами од пејачката на која и’ даваат да има шоу програма на финалната вечер или пак станува збор за бламот што си го дозволи Тамара Тодевска со изведувањето на македонската химна на Денот на САД…

Извор:Екран