Шекеринска му одговори на Ел Чека со фејсбук статус: Не сме исти! – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/19 11:04 AM

Шекеринска му одговори на Ел Чека со фејсбук статус: Не сме исти!

На социјалните медиуми денеска е објавен нов нелегално прислушуван разговор на кој, како што тврди „Ел Чека“, се слуша гласот на вицепремиерката Радмила Шекеринска и нејзиниот поранешен колега вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Се работи за разговор од 2013 година за време на локалните избори, каде наводно се слуша актуелната министерка за одбрана како бара од соговорникот Бесими, Субхи Јакупи од ДИК „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“.

Таа вели дека одлучувачки е гласот на сопартиецот на Фатмир Бесими, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што ќе го напуштат Парламентот. И покрај овој разговор во Центар потоа сепак ќе има прегласување, но и во вториот круг победата ќе ја понесе Жерновски.

Со реакција на ова се јави и министерката Шекеринска која на својот ФБ профил напиша:
„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“ – порача таа.