Околу 200 учесници од планинарски здруженија од државава и од соседна Србија, денеска ќе учествуваат на шестата по ред традиционална меѓународна клупска акција која денеска ја организира Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013“ од Куманово.
Искачувањето на врвот Китка се спроведува во чест на празникот 11 Октомври. Акцијата ќе биде на линија Пелинце-Враготурце- врв, Китка-Големи Уши, ќе почне пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а ќе заврши околу 16 часот.
– Со овој настан сметаме дека го промовираме градот, околината, а особено ја подигаме свеста кај граѓаните за нашите природни убавини, нивна заштита и потребата од движење низ планината-изјави Ангела Петковска, претседател на ЗПЗП „Козјак 2013“.