Дански град воведе четиридневна работна недела – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/19 8:02 AM

Дански град воведе четиридневна работна недела

Властите во Одшеред, град во Данска, воведоа четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација.

Вработените во општината Одшеред, околу 300, отсега можат и петок да го користат како слободен ден.

Кирстен Лунд Марквардсен, од општинската администрација, на новинарите им рекла дека по долгите разговори, претставници на градските власти одлучиле идејата за четиридневна работна недела да ја спроведат во дело.

Таа додала дека во градската управа сите веруваат дека на овој начин дополнително ќе ги мотивираат вработените да им пружаат уште поквалитетни услуги на граѓаните.

“Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат дополнителен ден за одмор”, рекла Марквардсен, додавајќи дека општинските службеници отсега ќе работат 35 часа неделно.

Инаку, стандардната работна недела во Данска трае 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се воодушевени од новиот начин на работа.

Одшеред е полуостров на северозападниот дел на островот Зеланд во Данска. Оддалечен на околу 100 километри од Копенхаген. Во градот моментално живеат околу 33.200 жители.