Американскиот секретар за внатрешна безбедност поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/19 9:52 AM

Американскиот секретар за внатрешна безбедност поднесе оставка

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а следната недела ќе биде назначен нов в.д.

„Кевин, по многу години во владата, одлучи да минува повеќе време со своето семејство и да биде во приватниот сектор“, напиша Трамп на Твитер.

Мекалинен во април годинава стана четвртата личност на чело на Министерството за внатрешна безбедност од почетокот на претседателството на Трамп.