Ердоган на државните службеници им наложил, наместо „ауди“, да возат „фолксфаген“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/19 7:07 AM

Ердоган на државните службеници им наложил, наместо „ауди“, да возат „фолксфаген“

Одуката на компанијата „Фолксфаген“ во Турција да гради фабрика вредна околу една милијарда евра го навела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да им наложи на државните служеници од владејачката партија да почнат да користат возила „фолксфаген пасат“ кога ќе им истечат сегашните договори за изнајмување автомобили. Турските официјални лица сега користат автомобили „ауди“, а договорите им истекуваат на крајот на годинава.

Се наведува дека партијата на Ердоган ќе изнајми 19 автомобили „фолксфаген пасат“, а се очекувало тоа да им послужи како пример на неколку илјади државни службеници за и тие да користат автомобили „фолксфаген“.