САД и Кина се договорија за првата фаза на трговската спогодба која вклучува размена на земјоделски производи, прашањето на валутата и некои аспекти на интелектуалната сопственост, со што е избегнато наметнување нови царини, но Трамп рекол дека мора да се испреговараат останатите аспекти на спогодбата.
Прелиминарната делумна спогодба е крупен чекор кон решавање на петнаесетмесечната трговска војна меѓу двете најголеми светски економии што ги погоди и светските финансиски пазари, го наруши производството и го забави стопанскиот раст.
„Кина и САД се близу до завршување на трговската војна, но ќе требаат пет недели спогодбата да се напише“, им рекол Трамп на новинарите по разговорите со заменик-претседателот на кинеската влада, Ху.