Тетовската јаболка се’ помалку ја има на земјоделсктие површини – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/19 2:41 PM

Тетовската јаболка се’ помалку ја има на земјоделсктие површини

Тетовската јаболка се’ помалку ја има на земјоделските површини. Во тетовска Брвеница позната по јаболковите насади веќе ги корнат јаболката.


Овоштарите велат дека немањето пласман и ниската откупна цена ги принудува да ги намалат површините засадени со јаболка. Колку за пример, ако Земјоделската задруга А.Д Брвеница имала 150 хектари засадени со јаболка сега има едвај триесетина.

Ако продолжи ваквата состојба како што велат жителите на Брвеница, тетовско јаболко ќе нема ни за лек и овој тетовски бренд целосно ќе исчезне.

 

Зоран Димовски