По еден час распит во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт.
По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот но дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за Ременски бара мерки на претпазливост, дали ова барање ќе биде прифатено Кривичниот суд ќе информира во текот на денот
Премиерот Зоран Заев, вчера одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе ја разреши Фросина Ременски од сите партиски функции, додека не ја докаже својата невиност. Ременски инаку е дел од Централниот и Извршниот комитет на СДСМ.
,, Секогаш стоиме на своите ставови и добивме известување од ОЈО. Ние ќе ја примениме мерката за остранување од функцијата, додека тоа лице не ја докаже својата невиност“, изјави Заев
фото-сител