Превртен камион полн со илјадници лименки со пивото „Викторија битер“ завчера го блокирал најпрометниот австралиски автопат. Необичната несреќа се случила на околу 300 километри северно од Сиднеј, а поради илјадниците лименки што ја покриле сообаќајницата, автопатот дури еден и пол час целосно бил затворен за сообраќај. Една лента била затворена уште дополнителни шест часа додека да се расчисти целото пиво.
Возачот (24) не бил под дејство на алкохол или дрога, а полицијата верува дека причина за несреќата е замор.