Барем еден Британец нема да го интересира Брегзит: Освоил џекпот од 190 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/19 9:24 AM

Барем еден Британец нема да го интересира Брегзит: Освоил џекпот од 190 милиони евра

Непознат Британец завчера освоил максимален износ на „Еуромилионс“ вреден 190 милиони евра. Тоа е четврти пат како некој успева да освои таков џекпот на „Еуромилионс“, кој се игра во девет европски земји. Среќниот добитник треба да се јави, да ги земе парите и да одлучи дали ќе го открие својот идентитет или ќе остане анонимен.

Светскиот рекорд според висина на добивка на лотарија го држи добитник од Јужна Каролина, САД, кој лани освои 1,5 милијарди долари на американската лотарија „Мегамилионс“. Остана анонимен.