Интервенцијата на Блискиот исток беше најлошата одлука во историјата на САД, рекол вчера американсиот претседател Доналд Трамп, на три дена откако го најави повлекувањето на американските трупи од подрачјето на северот на Сирија во близина на границата со Турција.
„САД полека ќе ги враќа своите извонредни војници дома. Судирите на Блискиот исток не’ чинеа 8.000 милијарди долари и многу животи. Тргнавме во војна поради погрешна претпоставка и сега тоа се потврди: немаше ниедно перче оружје за масовно уништување“, напишал Трамп во врска со интеревенцијајата за САД во Ирак во 2003 година.