Бананите во себе содржат дури 25 отсто шеќери и спаѓаат во умерено киселите продукти, поради што и не се најдобра опција доколку се единствена утринска храна.
Најдобар начин да го започнете денот е со доручек кој согорува калории, а со кој ќе внесете доволно енергија за да издржите до следниот оброк.
Затоа, тие се подобро решение за ужина отколку за цел оброк, бидејќи сами не се доволни за почеток на денот.
За да го спречите чувството на умор и глад, откако ќе јадете банана за доручек, би требало да ја комбинирате со храна која содржи здрави маснотии, како авокадо.
Бананите припаѓаат во групата на кисели намирници, а таа киселина треба да се неутрализира за да ги искористите само добрите состојки на бананата како што е калиумот, влакната, магнезиумот, а не шеќерот кој само привремено дава енергија.