Состојбата со болеста ракот на дојката е алармантна, велат здравствените работници. Се намалува возрасната граница на жените кои заболуваат од оваа болест, а се зголемува и бројот на заболени. Се’ повеќе млади жени заболуваат од рак на дојка.
Во месецот посветен на борбата против оваа болест во просториите на Здружението на пензионери Тетово се вршат бесплатни ехо прегледи.
Д-р Спасеноски потенцира дека најважна превентивна мерка е самопреглед на дојките, а потоа да се оди на прегледи кај доктор:
„Ако во неделата прегледам педесетина пациенти, десетина ја имаат болеста и тоа е многу лошо. Ако порано ракот на дојка се јавуваше во покасни години, моето триесетгодишно искуство кажува дека и во млади години се јавува. Најмладата пациентка кај која има откриено рак на дојка е 28 години. Кај нас за жал се доаѓа инцидентно, иако во последните неколку години младата популација доаѓа да си се прегледа. Ракот на дојка се лечи, но ако е навреме откриен“.
До крајот на октовмри ќе се вршат бесплатни превентивни ехо прегледи на дојки во просториите на Здружението на пензионери во Тетово.
Зоран Димовски