Премиерот Зоран Заев, одговарајќи денеска на новинарско прашање, рече дека ќе ја разреши Фросина Ременски од сите партиски функции, додека не ја докаже својата невиност. Ременски инаку е дел од Централниот и Извршниот комитет на СДСМ.
,, Секогаш стоиме на своите ставови и добивме известување од ОЈО. Ние ќе ја примениме мерката за остранување од функцијата, додека тоа лице не ја докаже својата невиност“, изјави Заев