Кирацовски за Фокус тврди дека не е осомничениот функционер во „Рекет“-Никој не му се јавил – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/19 12:43 PM

Кирацовски за Фокус тврди дека не е осомничениот функционер во „Рекет“-Никој не му се јавил

Пратеникот Александар Кирацовски вели дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.

-Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто, изјави Кирацовски за „Фокус“.

НОВА ТВ  од извори во истрагата пак дознава дека Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски е осомничена во „Рекет .

Наводно и ременска била  опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во делот на исплатата на средства за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Ременски беше почесен претседател на Меѓународниот сојуз на чија сметка легнале парите. Покрај Ременски, со оваа истрага е опфатена и Јасна Мандиќ заменик претседател на Меѓународниот сојуз, дознава НОВА.

Во текот на денот се очекува новите осомничени да дадат исказ пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за едно лице од новоосомничените, а за другите мерки на претпазливост.

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и струшкиот Ардијан Амзоски кои уплатиле 719.000 односно 233.000 евра на сметката на Меѓународниот сојуз веќе дадоа исказ кај Русковска.