Јовески: „Рекет“ се проширува со нови осомничени – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/19 11:41 AM

Јовески: „Рекет“ се проширува со нови осомничени

Јавниот обвинител Љубомир Јовески пред малку најави дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата. Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба.

Според него истрагата се проширува со четири физички лица и едно правно, обивнителството ќе побара притвор за едно од нив а превентивни мерки за останатите.

Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.