Трогирчанка му го спасила полниот паричник на Американец, одбила голема парична награда, но примила букет – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/19 11:01 AM

Трогирчанка му го спасила полниот паричник на Американец, одбила голема парична награда, но примила букет

Џон Кол, Американец од Минеаполис, на социјалните мрежи се заблагодари на девојка од Трогир, Хрватска, која му спасила многу пари, а тој и’ заблагодарил со букет цвеќе и со оваа убава објава на Фејбук, како и со фотографијата на девојката со буетот што го примила.

„Ова е Ана. Работи во ресторан во Трогир на хрватското приморје. Вчера, сепак,  беше добар ден за мене. Првин ми падна камерата и и’ се оштети леќата. Истата вечер си го изгубив полниот паричник со пари и документи. Очаен, утрото пак бев во ресторанот. Ана ми кажа дека таму сум го заборавил паричникот и ми го врати. Се’ беше во него. Се обидов да и’ заблагодарам со богата парична награда. Не сакаше ни да слушне. Отидов во цвеќарница. Кипив букет. Него го прифати и рече дека со тоа сум ја усреќил“, напишал Американецот, а пренесуваат хрватски медиуми.