СДК: Судењето на Мијалков за апсењето на Бошкоски се враќа на почеток, поради отказ на судија поротник – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/19 10:32 AM

СДК: Судењето на Мијалков за апсењето на Бошкоски се враќа на почеток, поради отказ на судија поротник

Судскиот процес за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, по две и пол години се враќа на почеток, зашто поротник во советот ненадејно дал отказ, јавува СДК.мк.

Ова значи дека буквално сѐ ќе почне одново, ќе има воведни зборови, произнесувње за вина, сведоците повторно ќе се сослушуваат, ќе се изведуваат докази…

Во „Тортура“ обвинет е ексшеф на УБК, Сашо Мијалков, а заедно со него обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Сега предметот е во рацете на ОЈО Скопје, а истрагата и обвинението ги покрена почна СЈО, кое до неодамна го застапуваше случајот и во судница. Обвинетите се гонат за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.