Доналд Туск: Борис Џонсон си игра со иднината на цела Европа – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/19 8:23 AM

Доналд Туск: Борис Џонсон си игра со иднината на цела Европа

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го обвини британскиот премиер дека со глупава игра на определување виновници за неуспехот на преговорите за Брегзит всушност си игра со иднината на Европа.

„Борисе Џонсоне, овде не се работи за тоа кој ќе победи во глупавата игра на обвинувања за нешто. Иднината на Европа и Велика Британија, како и безбедноста и интересите на нашите народи се во прашање. Вие не сакате спогодба, вие не сакате продолжување, вие не сакате да се откажете од раскинот, па каде одиш?“, напиша Доналд Туск на Твитер, на една недела пред европскиот самит во врска со Брегзит.