Жителите од гостиварското село Падалиште бараат итна санација на штетите кои се направени врз селото со изградбата на хидроцентралата уште во 2013 година. При градежните активности, уништен е патот,а има направено и штети врз нивите.
Како што велат мештаните, договрот бил фирмата-инвеститор на хидроцентралата во 2015-та, на сметка на општината да уплати над 170 илјади евра. Од тие пари 25% за санирање на штети, требало да добие селото, но до денес не било исплатено ништо.
Жителите за помош и поддршка денес се обратија кај градоначалникот Арбен Таравари.
Ако не се санираат штетите, жителите најавија дека ќе преземат радикални чекори, односно ќе ја запрат работата на хидроцентралата.
Зоран Димовски