Порачал и дал пари да му донесат музички инструмент од Германија, но го измамиле – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 2:41 PM

Порачал и дал пари да му донесат музички инструмент од Германија, но го измамиле

Кочанец бил измамен од радовишанец, му дал пари да му донесе музички инструмент од Германија но не го добил.

Според информациите од Полицискиот билтен, вчера во Полициската станица Кочани, 35-годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Б.С. од Радовиш, кој требало од Германија да му нарача музички инструмент.

Според пријавеното, во два наврати на сметка му уплатил 23.500 денари, но не го добил музичкиот инструмент. Се работи на расчистување на случајот.