Функционални анализи ќе бидат спроведедени во јавните институции, кои ќе се спроведуваат врз основа на медодологија за функционалната анализа во рок од еден месец, ова денеска на прес конференција го изјави министерот за информатичко општетсво и јавна администрација, Дамјан Манчевски.
Функционалната анализа е алатка која овозможува да ги идентификува главните проблеми со постојаната организациска структура, и преку оваа мерка ќе се овмозможат креирање на конкретни мерки за подобрување на ефикасноста и квалитетот на работењето на институциите. Спорведувањето на функционалната анализа во институциите е дел од еден покомплексен процес за реорганзација и оптимизација на институциите во јавниот сектор.
„Во овој процес имаме поддршка од Европската Унија преку ИПА проект. Резултатите од вертикалните функционални анализи ќе бидат основа и при дефинирањето на деталите околу трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор. Целта на процесот на спроведувањето на функционалната анализа и да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект кој може да го попречат или отежнат спроведувањето на надлежностите и задачите на соодветните институции. Исто така како резултата од функционалната анализа ќе се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнување на целите и задачите на институцијата, насчени кон остварување на очекуваните резултати“, изјави Манчевски.
Тој додаде дека по спроведувањето на функционланата нализа ќе се добие целосна и реална слика, на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните реформи за извршување на сопствените функции. Споведениот процес треба да биде преточен во документ кој ќе даде осврт на ефикансноста на извршувањето на работните задачи како и диструбуцијата на расположливите човечки ресурси, кадровски, просторни, ИТ, технички и ресурси од друг аспект.
Обучени се 15 претставници за изучување на методологијата, кои ќе можат да бидат поддршка на останатите институции при спроведувањето на функционалните анализи.
„На овој процес претходеше функционална анализа спроведена на инспекциските служби, што беше и основа за изработката на новиот закон за инспекциски надзор. Анализата покажа дека е потребно да има 12 инспекциски служби, 11 државни инспекторати и една агенција, наместо досегашните 28 инспекциски служби. Реформата на јавната администрација е хоризонтален процес, кој што единствено може да се спроведе и да ги даде очекуваните резултати само доколку се темели на сеопфатни и темелни анализи“, изјави Манчевски.
Рокот за спроведување на функционалните анализи од страна на институциите е еден месец, и овие резултати ќе бидат во функција на ИПА прокетот кој што со меѓународните експерти треба да се даде крајниот предлог, за новата организациска поставеност во институциите. Спроведувањето на функционалните анализи, рече Манчевски треба да биде од самите институции, а 15 – те обучени лица од различни институции ќе се еден вид дополнителна помош, асистенција доколку има потреба во спроведувањето на функционалните анализи.