Вработен во менувачница на ул.„Ванчо Прке“ во Штип, вчера во Полициската станица пријавил дека дваесет и шестгодишниот И.М. од Штип се обидел да размени фалсификувана банкнота од 50 евра.
По преземените мерки, банкнотата била одземена, а И.М. бил повикан во Полициската станица Штип. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.