БиХ: Освоил 34.500 евра во обложувачница, вработениот одбил да му ги исплати – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 11:33 AM

БиХ: Освоил 34.500 евра во обложувачница, вработениот одбил да му ги исплати

Во полициската станица во Соколац, БиХ, е пријавено дека лице освоило околу 34.500 евра на апарат за игри на среќа во спортска обложувачница, но одговорното лице во обложувачницата одбило да му ги исплати парите со образложение дека дошло до грешка, соопштено е од полициската управа на Источно Сараево.

Настанот се случил вчера во 14.30 часот . Полициски службенци извршиле увид на лице место и по налог на обвинител привремени бил одземен апаратот заради вештачење, а се преземале и други мерки за расветлување на случајот.