Снемало струја, па бразилски хирурзи оперирале на светлина од мобилен телефон – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 10:16 AM

Снемало струја, па бразилски хирурзи оперирале на светлина од мобилен телефон

Додека вршеле операција, во болница во бразилскиот град Тересин снемало струја, па лекарите морале да користат светло од мобилен за да го продолжат оперативниот зафат.

Болницата на 4 октомври била без електична енергија од 13.30 до 18 часот поради невреме. За несреќа, веднаш не можеле да се вклучат ни болничките генератори бидејќи системот не препознавал дека е прекината дистрибуцијата на струја. Подоцна генераторите проработеле и продолжило нормалното оперирање во болницата.

Самоил Мореира Рего, претседател на Синдикатот на лекарите, потврдил дека негови колеги оперирале на светло од мобилни телефони во моментот кога снемало струја.

„До кога менаџерите ќе го занемаруваат јавниот здравствен систем? Лекарите се преоптоварени. Работат на граница на стрес за да спасат некого“, предупредил Рего, наведува порталот „Лад библе“.