Бојан Јовановски ќе дава исказ за „Рекет“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 7:58 AM

Бојан Јовановски ќе дава исказ за „Рекет“

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска по увидот на доказите, треба да даде исказ во Обвинителството.

Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари“ и „примање награди“.

Јовановски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор – Скопје. Освен него, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.