Тачи: ДУИ стравува од нов попис – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/19 9:20 PM

Тачи: ДУИ стравува од нов попис

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вели дека пречка за пописот е ДУИ.

-Забележувате дека ДУИ стравува од спроведувањето на пописот на населението. Тоа не го велат јавно, туку во своите  кругови велат дека се плашат бројот на Албанците да е под 20 проценти. Тоа можеби е и вистина, но тоа открива една друга вистина. Од 2001 година, 18 или 19 години политичка дејност на власт на ДУИ, резултираа со тотално фијаско. Доколку денес се плашиме дека нашиот број е под 20%, тогаш анализите покажуваат дека Албанците си заминале од земјата, не виделе овде перспектива, Албанците се иселиле од земјата и тоа е многу силен аргумент“, изјави Мендух Тачи за ТВ21.