Изминатиот петок, 4 октомври, беше одбележан со премиерата на „Jокер“ , во која режисерот Тод Филипс и актерот Жaоакин Феникс ја раскажаа приказната за злобниот кловн.
Иако нема ништо комично во врска со приказната, филмот се очекуваше да настапи прилично добро во благајните. Најлудите претпоставки предвидуваа приход од 150 милиони американски долари за неговиот деби-викенд. Сепак, Џокерот се насмевна и ја надмина таа сума.
Според „Вариете“, за три дена, филмот заработил 93,5 милиони долари во САД и 140 милиони долари ширум светот. Тоа значи вкупна заработка од 234 милиони долари.
И ова е повеќе од успех, имајќи предвид дека има земји како Франција и Германија каде премиерата на „Џокер“ допрва треба да се случи.