Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со делегација од околу 200 стопанственици денеска доаѓа во посета на Србија. Се очекува на белградскиот аеродром да пристигне околу пладне, каде што треба да го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ и Ердоган ќе бидат домаќин и на трилатералниот самит – Србија – БиХ – Турција, а утре турскиот претседател ќе присуствува и на свеченото почнување на изградбата на автопатот Белград – Сараево.
Трговската размена помеѓу Тутрција и Србија надминала една милијарда евра, турските инвестиции во Србија биле 200 милиони евра, а се очекува отворање на уште пет турски фабрики.